ВМРО-ДПМНЕ: МВР да ги пронајде виновниците на вандалскиот чин и демолирањето на седиштето на ДПС

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува вандалскиот чин на обивање на седиштето на Демократската партија на Србите во Македонија. Да се нападне и да се претура по седиштето на партијата во предизборен период е скандал кој остава темна дамка на демократијата и на предизборниот процес, ова го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на осуда за вандалскиот чин и демолирањето на седиштето на ДПС.

 

-ВМРО ДПМНЕ бара Министерството за внатрешни работи конечно да почне да ја врши улогата  и обврските кои ги има согласно Уставот и законите. Наместо да се злоупотребува униформата и ресурсите во политички цели, министерството мора веднаш да ги пронајде виновниците на овој вандалски чин и да ги изведе пред лицето на правдата. Во спротивно, нивното неказнување ќе биде уште една порака која ќе ги поттикне насилниците да предизвикуваат уште вакви инциденти во предизборниот период, потенцираат од партијата.

 

 

 

27.09.2017 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега