Извадил пиштол среде улица - детали за пукањето во Кичево

Три лица се повредени во пукањето кое попладнево околу 18 часот и 50 минути се случи во Кичево.

Од полицијата информираат дека кон трите лица со пиштол пукал 58 годишниот А.Д. од Кичево, откако ги пресретнал  58-годишниот Д.А. 40-годишниот А.А. и 54-годишниот Ш.Д.  Според неофицијални и непотврдени информации, лицата во текот на денот имале судска парница.

Д.А. се здобил со повреда во ногата, додека А.А. во слабината и двајцата се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Ш.Д. се здобил со повреда во пределот на десната потколеница и е пренесен во кичевската болница.

Од полицијата информираат дека А.А. и пиштолот со кој пукал се обезбедени. Полициски екипи вршат увид на местото.

 

 

 

27.09.2017 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега