Хорор во Основно школо во Македонија: Го турнала осумгодишното другарче, во безсознание заврши на Ургентен

Вистински хорор се одвивал во текот на вчерашниот ден во селото Разловци во Делчево, во двор на Основно училиште.

Полицијата информира дека во 09 часот и 10 минути, помеѓу часовите за време на големиот одмор, настанала меѓусебна расправија помеѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст. Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што истиот станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови.

Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево. Од таму со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар во Кочани, а потоа како итен случај веднаш бил упатен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

 

 

 

28.09.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега