Излетал од пат и се превртел - несреќа на македонските патишта

 

Во 18  часот и 25 минути на регионалниот пат Битола-Маково, на 150 метри до мостот на реката Црна пред село Новаци, се случила сообраќајна незгода во која 46-годишниот Т.И. од селото Дедебалци-oпштина Новаци, управувајќи патничко возило „Форд Ескорд“ со битолски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и се превртел.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан во Клиничката Болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

01.10.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега