Подгответе се: Снег доаѓа во Македонија
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер. Утрински температури ќе се движат од 3 до 10 а дневните од 20 до 26 степени.
Во Скопје, Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 7 а максималната 24 степени.
До петок ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд. Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот.
Во недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд. Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа