Драма за брачен пар од Скопје: Им впериле пиштол во глава

Во 20  часот синоќа било пријавено дека на автопатот Куманово–Скопје, во селото Дељадровци, 58-годишниот С.Ј. и неговата сопруга, 43-годишната Б.М. додека се движеле со патнико возило “Рено Клио“ биле пресретнати и насилно застанати од друго возило во кое биле четири непознати, маскирани, лица вооружени со огнено оружје.

Полицијата информира дека непознатите лица насилно ги извадиле од нивното возило сопружниците, по што им го одзеле возилото и заминале во правец кон Скопје.

Како што раскажале во полициска станица скопјаните, во возилото имало околу 4.000 евра. 

 

 

 

06.10.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега