ДИК ќе ги разгледа барањата за набљудувачи на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ќе одржи седница на која ќе ги разгледа барањата за добивање овластување за набљудување на Локалните избори 2017 година поднесено од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од ЦИК Косово, од Амбасадата на САД во Скопје и од Граѓанска Асоцијација МОСТ од Скопје.

На дневен ред пред членовите на ДИК ќе се најде и Информацијата за примени финансиски извештаи од учесниците во изборната кампања, согласно Изборниот законик, а ќе бидат разгледани Образецот во врска со потребата од повикување на полиција од избирачкиот одбор и постапување на полицијата на гласачкото место на денот на гласањето, и Повеќејазичното упатство за гласање.

 
 

 

 

06.10.2017 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа