Страотна сообраќајка во Македонија - Мотоциклист се бори за живот на КАРИЛ

Две лица од кои едно тешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила во Битола на улицата „Македонска Фаланга“.

Како што информираат од полицијата, сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко возило „Цитроен Берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано  од 42-годишниот О. С. и  моторцикл „Јамаха МТ 01“ со битолски регистарски ознаки,  управуван од 28-годишниот Ѓ. С., двајцата од Битола.

-Во незгодата со тешки повреди се здобил Ѓ.С., кој е пренесен на КАРИЛ – Скопје и  задржан на лекување, а О.С. се здобил со  телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Полициски екипи во присуство на Јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

07.10.2017 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега