Ивица Коневски му ја честиташе победата на Златко Марин

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски, преку социјалните мрежи му ја честита победата на својот противкандидат од СДСМ Златко Марин и му посака успешна градоначалничка кариера.

„Почитувани граѓани,

Дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера.

Исто така, им се заблагодарувам на сите граѓани кои осум години нѐ подржуваа, како и голема благодарност до сите мои соработници кои и во најтешките моменти останаа со мене.

Функциите се минливи, но нашите дела остануваат бесмртни, а нашите поддржувачи можат да бидат горди на тоа што го направивме изминатите два мандата.

Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром.

Со почит,
Ивица Коневски“

 

 

 

16.10.2017 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега