Заев-Звиздиќ: Преку унапредување на соработката до побрзо членство во ЕУ

Македонија и Босна и Херцеговина делат заедничка цел - членството во ЕУ и НАТО, а тоа може да забрза преку унапредување на заедничка соработка, оценија денеска на заедничката прес-конференција премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ. 

- Целиот Западен Балкан сите шест земји аспиранти за полноправно челнство во ЕУ градиме заедничка стратегија, заеднички регионален настап. Меѓусебно се поддржуваме со што ќе си помогнеме сите за побрзо полноправно членство во ЕУ, но пред се, ќе си помогнеме за унапредување на севкупната соработка помеѓу двете земји, кои какко и регионот споделуваат исти аспирации и иста иднина за своите граѓани, рече Заев.

Звиздиќ му честиташе на Заев за успехот на локалните избори. оценувајќи ја како потврда на една нова воизија која е базирана на креирање стабилна ситуација, на економнски развој, на европски интеграции визија која, рече, како цел има просперитет на држвата, нови работни места и задржување на младите луѓе во нашиот регион.

- Токму тоа наиде на плодно тло, а тоа е и пораката што сакаат всушност граѓаните на Запаен Балкан  - тоа е мир стабилност и развој, поврзување и интеграции, кои од нашите држави и регионот ќе направат просперитетно општество и просперитетен регион, рече Звиздиќ. кој гостува во земјата по повод учество на Самит 100. 

Двајцата нагласија дека е важно да се продолжи со унапредување на економката соработка, заеднички настап при аплицирање за ЕУ-фондовите, како и инфраструктурно, транспортно поврзување помеѓу двете земји и регионот. Заев потсети дека двете земји веќе потпишаа договор за соработка во областа на земјоделството, во делот на возачките дозволи, и најави дека ќе следуваат и договори за патување меѓу двете земји со лична карта, за воведување авионска линија за поврзување на Скопје со Сараево, со можност за вклучување и на Подгорица. Подобрата комуникациска поврзаност отвора поголеми можности за вкупно унапредување во односите помеѓу земјите, додаде Заев.

Правата на босанската етничка заедница во Македонија се почитуваат, беше наведно на прес-конференцијата. Заев најави дека од 2018 година босанскиот јазик кој досега беше во експериментална употреба, ќе влезе во образованиот процес. Ќе се гради ново училиште во општина Студеничани, каде живее поголема босанска заедница, а предвидени се и инфраструктурни проекти во населените места во Средно и Горно Коњаре. 

 

 

 

17.10.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега