Катимерини за изборите во Македонија: Резултатот ќе ги забрза преговорите меѓу Атина и Скопје

 

Периодот од ноември до февруари ќе биде клучен за активирање на преговарачкиот процес за спорот со името меѓу Македонија и Грција, како и за постигнување прогрес по тоа прашање, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“.

Медијаторот Метју Нимиц, според весникот, ќе биде мошне активен во овој период, имајќи ги предвид резултатите од изборите во Македонија. „Катимерини“ во својот коментар наведува дека резулатите од првиот круг од локалните избори во Македонија, на кои убедлива победа понесе коалицијата предводена од СДСМ на актуелниот премиер Зоран Заев, а голем пораз претрпе опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски ќе бидат фактор за забрзување и напредок во преговарачкиот процес меѓу Атина и Скопје за решавање на спорот со името.

- Настапот на Заев, кој од Западот се смета за умерен политичар, кој има капацитет да ја води земјата на патот кон европските и евроатлантските интеграции, ги изненади и најпрецизните аналитичари, кои предвидуваа одреден баланс на силите меѓу двете партии, нагласува „Катимерини“. Политичките аналитичари оценуваат дека резултатите од првиот круг од изборите, на кои СДСМ освои 37 општини, а ВМРО три, ќе доведе до тоа меѓународните фактори да го забрзаат процесот за решавање на името. 

 

 

 

18.10.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега