Температури и до 28 степени - каква зима се надворзува на ваква есен

Најтоплиот ден во октомври во последните неколку години, со измерени 28 степени Целзиусови, бил забележан вчера. Меоторолозите предвидуваат дека на вака топла есен ќе се надоврзе и блага зима со малку снег.

-Уште е рано да се даваат прецизни прогнози, но сигурно дека нема да има интензивни ладни бранови како минатата зима и дека ќе биде влажна, со малку снег - вели Ѓорѓе Ѓуриќ, метеоролог во „Weather to Umbrella".

Времето во Македонија деновиве ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени.

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури.

Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер.

 

 

 

19.10.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега