Денеска славиме голем празник - на овој ден се исполнуваат најголемите желби

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 октомври.

Денеска е Преподобна Пелагија.

Оваа Пелагија потекнуваше од Антиохија и Господ и дал голема телесна убавина. Таа своја убавина Пелагија ја користеше за блуд, па така собра големо богатство. Еден ден таа отиде во црквата во која проповедаше епископот Нон и ја слушна неговата беседа за страшниот суд. Тоа толку ја потресе, што реши сосема да се измени. Откако Нон ја крсти, таа отиде во Ерусалим и се затвори во една келија на Елеонската Гора, живеејќи како монах Пелагиј. Откако преку пост и молитва ја исчисти душата од страстите, таа се удостои за небесното царство и се упокои околу 461 година. Денес се слави и преподобна Таиса, која има слично житие како и Пелагија.

Преданијата за овој празник велат дека денеска треба да се помолиме за прошка на сите гревови, доколку постои нешто што сте направиле, а ве мачи. Доколку се покаете искрено и се помолите од срце, велат дека се исполнуваат они најголемите желби - прошка за сите гревови.

 

 

 

21.10.2017 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега