Нова црковна давачка: Слика од венчавка во црква 1.500 денари, а пред црква 500 денари

Црквите во Повардарската епархија од пред неколку месеци  наплатуваат за фотографирање. Сликањето  и снимањето на  пред црква се наплаќа  500 денари, а внатре во верските објекти 1.500 денари.

Одлуката која ја донел  владиката Агатангел веќе се спроведува во Велес. Фото студија од овој крај ја потврдуваат информација за МКД. Тие дури наведуваат дека имеле неуспешна средба со владиката но не успеале да се договорат.

Фото студијата дури најавиле бојкот на црквите, но владиката им декол дека ќе распише тендер за да одлучи кој ќе може да фотогафира, а кој не .

 

 

 

21.10.2017 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега