Заев: Барам поддршка за Гостивар предводен од Невзат Бејта

Претседателот Заев побара од граѓаните на Гостивар поддршка за кандидатот на ДУИ за градоначалник на општината и актуелен градоначалник, Невзат Бејта.

-Дојдов во овој убав град на соживотот, да побарам поддршка за Невзат Бејта. Гостивар беше во незавидна состојба затоа што вашиот градоначалник знаеше да пофали и да искритикува кога треба и тоа го фрли во немилост од претходната власт. Мојот другар и добар пријател Невзат Бејта, знам колку си го сака Гостивар и со мала поддршка од централната власт Гостивар ќе блеска, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека целосно застанува зад Програмата на Бејта за Гостивар којашто ќе ги реши проблемите на граѓаните.

-Стоиме целосно зад потребите на Гостивар: трајно решавање на депонијата, реконструирање на главната улица во булевар, обештетување на засегнатите, со што ќе се растовари сообраќајот и ќе се овозможи Гостивар да дише. Вие граѓаните го полните Буџетот на општината, вие ќе кажувате за што ќе се наменуваат парите, дополни претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изрази уверување дека мултиетнички Гостивар ќе ја даде довербата на Невзат Бејта, кој ги познава нивните проблеми и затоа може најдобро да ги реши.

 

 

 

 

 

21.10.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега