Нови информации за времето - од утре пресврт во температурите
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен, особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре температурата ќе биде од шест до 18 степени, во Скопје од 8 до 16 степени.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Температурите ќе опаднат така што минималните ќе изнесуваат од четири до 9 степени, а максималните темпратури од 8 до 13.
Во вторник и во среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од среда ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура. Во среда минималните темпратури ќе изнесуваат од 3 до 10 степени, а максималните од 9 до 15. Во четврток се предвидуваат и минусни температури. Така максималните за овој ден се предвидува да бидат од минус еден до 8 степени, додека максималните од 13 до 19 степени. Во петок ноќните и утринските температури ќе бидат од минус два до седум степени, додека максималните од 16 до 23 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа