Полицијата сопре возило на Богородица - еве што најде во него

Во 23 часот синоќа на автопатот Гевгелија-Скопје, кај селото Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на товарно возило  „Пежо Боксер“ со радовишки регистарски ознаки. Возилото не застанало на дадениот знак и продолжило со движење. Десет минути пред полноќ на влезот во Неготино по стариот пат, полициски службеници од Полициската станица Неготино го сопреле возилото, при што биле пронајдени 10 мигранти (седум од Пакистан и три од Сирија).

Возачот побегнал, но по кратко време бил фатен  и совладан. Се работи за 25-годишниот  А.А.  од Скопје кој  бил лишен од слобода и заедно со мигрантите бил приведен во Полициската станица Неготино.

По целосно документирање на случајот, против А.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

 

 

 

24.10.2017 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега