Јанев: Ова е заедничка победа за Росоман

Ова е заедничка победа на сите жители на Росоман, рече денеска Бранко Јанев, новоизбраниот градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата.

- Жителите на Росоман со ова покажаа дека се за промени, како впрочем и најголемиот дел од населението во Република Македонија, нагласи Јанев.

Додаде дека ќе стори се што е во рамките на своите можности, да се реализираат проектите кои се ветени. Ги повика росоманчани на соработка. Нагласи дека сериозно ќе се разгледа секој предлог за подобро Росоман.

 

 

 

30.10.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега