Министерствата ќе објавуваат документи за поголема транспарентност

Министерствата треба во рок од 15 дена на своите веб- страници да објават листа на 21 документ со цел поголема транспарентност и отчетност на државните органи пред граѓаните, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

- Анализите спроведени во 2016 година покажуваат дека во поглед на отвореноста на извршната власт во регионот, Македонија се наоѓа на последното место со исполнување на само 36 проценти од индикаторите во истражувањата. Имајќи ја предвид целта на Владата за транспарентност и отчетност во своето работење, се наметна потребата веднаш да се преземат конкретни мерки за да се подобри оваа ситуација, истакна министерот Манчевски.

Предложениот сет на документи што треба јавно да се објават се унифицирани и важат за сите министерства со исклучок на Министерството за одбрана и МВР кои нема да ги објавуваат плановите за јавни набавки, Правилникот за внатрешна организација, Правилникот за систематизацијата на работните места и списокот на вработените.

- Отвореноста на институциите претставува клучен услов за демократијата. На овој начин на граѓаните им се овозможува да добиваат информации кои им се неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, истакна тој.

 

 

 

 

31.10.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега