Шилегов: Не очекувам бојкот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Засега немам информации дека било кој друг советник ќе си поднесе оставка, вели Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје по одлуката на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, да се повлече од советничкото место во градското собрание. Шилегов најавува конститутивна седница на Советот на Град Скопје до крајот на неделава.

-Не очекувам дека ќе се случи бојкот од страна на избраните советници пред, но и по конституирањето на Советот. Локалната власт на град Скопје беше избрана уште во првиот круг по што беа признаени резултатите – вели Шилегов.

 

 

 

31.10.2017 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега