Заев на јубилејот на ЛГБТ центарот во Скопје: Се подготвува нов закон кој ќе спречи дискриминација

Со најава за нов закон за заштита од дискриминација премиерот Зоран Заев вчера им се обрати на присутните на одбележувањето на 5 годишнината на ЛГБТ центарот во Македонија. Премиерот рече дека времињата кога ЛГБТ центарот беше демолиран се поминати и дека новата Влада ќе се залагала за еднакви права за сите

„Владата на Република Македонија поставува темели на држава којашто е заедничка за сите и којашто ќе се стреми да ги штити правата на секој, без разлика на какви било различности, припадност, уверувања и слично.

Еден од чекорите што се преземаат во таа насока е подготовката на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, за којшто е во тек е јавната расправа.

Целта е, со овој закон да постигнеме законска усогласеност со меѓународните стандарди за човекови права. Дефинирањето поими, што се подразбира под дискриминација, ќе биде во согласност со меѓународните стандарди.

Значајни промени се предвидени и во самата Комисија за заштита од дискриминација, којашто ќе биде професионализирана, преку транспарентен избор на членови, докажани во областа на човековите права. “ – изјави Заев.

 

 

 

 

 

 

01.11.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега