Клиниката за гинекологија доби четири нови инкубатори

Четири нови инкубатори доби денеска Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, потврдија за МИА од таа јавна здравствена установа.

Владата вчера на седница донесе одлука според која, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје ќе добие 24 инкубатори. Се очекува, во наредниот период на Клиниката да пристигнат и останатите нови инкубатори.

Од Клиниката информираат дека вложуваат максимални напори за да се отстранат сите недостатоци кои неодамна ги утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат и условите да се подигнат на потребното ниво.

Покрај Клиниката за гинекологија и акушерство, шест нови инкубатори ќе добие и Универзитетската клиника за детски болести од Скопје, а уште десет инкубатори ќе бидат распоредени во клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и во Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир во Скопје.

 

 

 

01.11.2017 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега