Сообраќајка во Скопје: Камион-миксер удрил во вториот кат на автобус на ЈСП

Камион-миксер удрил во вториот кат на автобус на ЈСП, пишува Скопје24

Несреќата се случила утрово во 9.30 часот на раскрсницата кај „Палома бјанка“. Автобусот кој се движел од Ѓорче Петров кон Центар застанал паралелно до камион-миксер на раскрсницата кај „Палома бјанка“. Кога камионот се обидел да сврти лево кон Италијанската амбасада, иако на таа раскрсница е забрането вртење лево, го зафатил горниот кат на автобусот и скршил стакло.

Патниците биле мошне вознемирени.

ЈСП прави увид во предизвиканата материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.

 

 

 

 

 

02.11.2017 - 12:28
Фото: 
Архива

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега