Демолиран конзулатот на Русија во Битола

Со бетонска плоча го искршил излогот на рускиот конзулат во Битола.

Настанот како што информира МВР се случил вчера околу 15,40 часот кога било пријавено дека во Битола на ул„Широк сокак“, на објектот каде што бил сместен Конзулатот на Русија, Н.С. (68) од Битола со бетонска плочка извршил оштетување, односно го искршил излогното стакло на конзулатот, при што бил оштетен и еден телевизор. Од страна на полициски службеници Н.С. бил приведен и по извршениот разговор истиот бил пуштен.

 

По целосното расчистување на настанот од полицијата најавуваат соодветна кривична пријава.

 

 

 

02.11.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега