Со пиштоли ограбиле експозитура на „Македонски Пошти" во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 30 минути во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Благоја Стефковски“, во населбата Маџари во експозитура на “Македонски Пошти“, три непознати маскирани лица со закана со пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари по што го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.11.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега