Наредил петарди на стомакот - нови детали за денешниот инцидент пред судот

Пред судот денеска беше приведен 57 годишниот И.И. од скопско Арачиново кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозивна направа.

Полицајците брзо го совладаа и утврдија дека станува збор за 57-годишен жител на Арачаиново. Како што тврдат извори за Телма појасот на стомакот навистина бил направен како експлозивен што го користат самоубијци-бомбаши, но во него немало прачки експлозив, туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата.

По инцидентот е утврден идентитетот на лажниот бомбаш со петарди во „самоубиствениот“ појас.  На лице местоприсуствувале и високи полициски функционери.

 

 

 

02.11.2017 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега