Апелација одлучи „бомбите“ да бидат доказ за „Тендери“

Апелацискиот суд Скопје одлучи дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“.

Одлуката е донесена врз основа и на претходните две одлуки со кои Апелацискиот суд одлучи дека „бомбите“ можат да бидат доказ во предметите „Насилство во Центар“ и „Триста“.

Апелацискиот суд на две јавни седници утре ќе одлучува дали бомбите ќе бидат докази и во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември годинава ги одби „бомбите“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.

 

 

 

 

02.11.2017 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега