Влегле со пиштоли: Ограбена „Халкбанка" во Бутел

Утрово е ограбена експозитура на Халкбанка во населбата Бутел 1 во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека грабежот се случил во 9.30 часот во експозитурата на улица „Бутелска“.

Го извршиле три непознати лица, маскирани и вооружени со пиштоли, кои одезеле одредена сума пари и го напуштиле местото.

Во моментов се врши увид и е засилено полициското присуство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

03.11.2017 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега