Се слушале истрели:Едно лице тешко повредено во скопски Аеродром

 Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент  на улицата „Владимир Комаров“ пред Ред кафе во скопската општина  Аеродром.

МИА дознава од очевидци дека со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.

Полициски екипи се веќе пристигнати на терен, а напаѓачот е во бегство но оружјето го оставил на лице место.

Од МВР потврдиле дека имало пукање, полицијата е излезена на лице место, а подетални информации ќе соопштат подоцна.

 

 

 

03.11.2017 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега