Ослободен човекот кој се обиде да влезе во суд: Појасот го носел поради болки во грбот (видео)

57 годишникот е неоженет, живее сам, а дворот го дели со својот брат, Фериз, кој прифати да зборува за ТВ21. Според него, брат му по природа е мирен човек, но не може да трпи неправда.

-Тој е многу чувствителен и му било жал за нив, не отишол таму да направи нешто, но нешто го мотивирало. Видовте и сами, болен е од грбот и не може без тој појас поради тоа што сега оди на терапија. Иако ми е брат не разговара многу со мене, таков е по природа, вели Ибрахими.

Емруш работи како градежен работник. Неговата снаа го опишува како мирен човек.

-Веќе 21 година сум омажена. Досега немавме никаков проблем со него. Тој е многу мирен и добар човек, секогаш ни помагал, ги учеше моите ќерки, додава снаата Ќефсер.

Некои од луѓето што го познаваат Емруш, не сакаа да зборуваат пред камера, но рекоа дека тој бил припадник на Ослободителната национална армија (ОНА).

Оваа информација за ТВ21 ја потврдија и администрацијата на Здружението на воените ветерани на ОНА. Од таму додаваат дека тој во одредени ситуации покажал „емоционална нестабилност“.

Полицијата денеска го ослободи Емруш Ибрахими, што го потврди и неговиот адвокат дека појасот што тој го носеше не бил експлозивна направа.

 

 

 

03.11.2017 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега