Усмртил пешак со својот автомобил во струмичко па побегнал

Непознат возач со својот автомобил усмртил пешак  во струмичко и побегнал.

Од полиција известуваат дека вчера околу 04 часот и 30 минути на регионалниот пат Струмица-село Банско, на излез од село Куклиш, се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот 72- годишниот А.А од село Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. 

 

 

 

05.11.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега