Мртов маж пронајден во својот автомобил на патниот правец Ресен-Битола

34- годишен маж пронајден мртов во својот автомобил.

МВР соопшти дека вчера околу 07,00 часот на патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден 34- годишниот М.П од Ресен со прострелна рана во пределот на главата.

Полицијата јавува дека во внатрешноста на возилото пронајден бил пиштол марка „ХС“ калибар 9мм и најверојатно станува збор за самоубиство.

Смртта е констатирана од итна медицинска помош и увид е извршен од екипа на Секторот за внатрешни работи Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. 

 

 

 

05.11.2017 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега