Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Во Управниот суд одржани се сите седници по жалбите поднесени за вториот круг од локалните избори.

Од судот за МИА изјавија дека во тек е изготвувањето на одлуките кои како ќе бидат готови, така ќе се објавуваат на веб страницата. Веќе е објавена одлуката по тужбата од Народното движење на Македонија која се отфрла како неоснована.

До Управниот суд беа поднесени 16 тужби. Единаесет од нив беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Претходно, Државната изборна комисија на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

 

 

 

05.11.2017 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа