Драма во Кичево: Крвнички го претепале, завршил во болница

23-годишниот А.М. од селото Весјан, Република Албанија, заработи кривична.

Пртпаролот на СВР – Охрид Стеван Димоски изјави дека инцидентот се случил на 30-ти, минатиот месец во 18 часот и 30 минути, кога пријавениот предизвикал вербална расправија во која учествувале уште три други лица, две од Елбасан-Република Албанија и едно од Кичево.

– Настанот се случил на улицата „Гоце Делчев“ кај место викано „Берза“ каде започнала жестоката вербална расправија, која по кратко време прераснала во меѓусебна тепачка. Притоа, сега пријавениот физички го нападнал Х.К. (53) од Кичево удирајќи го со раце и нозе по главата. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде му биле констатирани тешки повреди и му била дадена неопходна медицинска помош, рече Димоски.

 

 

 

06.11.2017 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега