Полицијата со детали за смртта на Зоран Стефановски

Во 01 часот по полноќ во Скопје на крстосницата од булеварот „Александар Македонски“ и сервисната улица која ги поврзува со кружен тек булеварите „Никола Карев“ и улицата „Беласица“, се случила сообраќајна незгода.

Полицијата информира дека 54-годишниот З.С. од Прилеп, управувајќи возило „Рено Меган“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд.

Возачот со возило на итна медицинска помош е префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде е констатирана смрт.

 

 

 

06.11.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега