Мртва жена најдена во стан во Скопје

По претходна пријава од граѓани припадници на противпожарна бригада од Скопје пронашле мртва жена во стан на улицата „Димитрие Чуповски“.

Како што информира МВР, станарите синоќа се јавиле во противпожарната служба откако почувствувале непријатна миризба од стан во зградата.

 

Откако припадници на Противпожарната бригада влегле во станот, забележале дека на подот лежи починато женско лице.

Се работи за 69-годишната Г.М.

Од страна на екипа на итна медицинска помош на телото на починатата не се забележени траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

 

 

 

06.11.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега