ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Макрадули треба да понудат итни мерки за намалување на загаденоста
Крајно безобразно и неодговорно е заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули да ја префрла вината врз граѓаните за загадениот воздух во земјава, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Јани Макрадули.
-Овие денови загадувањето во Скопје, Куманово, Тетово и другите градови неколкупати ги надминува дозволените граници, а Макрадули наместо да понуди конкретни мерки за итно за намалување на загаденоста тој ги обвинува граѓаните и нивните навики. СДС на граѓаните на Република Македонија во текот на изборната кампања им ветуваат чист воздух и итни мерки за намалување на загаденоста, но веднаш по изборите како и се друго се испостави дека било лага и обично празно ветување, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека СДС и Јани Макрадули треба да им се извинат на македонските граѓани и наместо да бараат разни изговори треба да почнат да ги исполнуваат дадените ветувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа