Кој го изврши, а кој го нарача убиството на Мартин Јанушев?
Кој го изврши и дали и кој го нарача убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Ова е дилемата која остана меѓу граѓаните по свирепото убиство на младото момче пред влезот од својот дом во скопската населба Аеродром.
Во јавноста кружат многу приказни и се поврзуваат со повеќе можни сторители. Одредени информации велат дека убиството било нарачано, други дека станува збор за мафијашка пресметка, трети во него додаваат политички примеси.
Она што може да се потврди како официјална информација, е таа дека извесно лице Ф.С. кое било пуштено на викенд од затворот во Шутка не се вратило на дослужување на казната. Токму ова лице кое на 3 ноември излегло на слобода се сомничи дека е сторител на убиството.
За ситуацијата дополнително да се искомплицира, друго лице, кое тврди дека е чичко на осомничениот Ф.С. на социјалните мрежи му порача да се предаде во полиција отворајќи сомнеж дека станува збор за нарачано убиство.
До овој момент од МВР нема никаква официјална информација. Од полицијата ниту потврда ниту демант дали има поврзаност бегството на Ф.С. од затвор со убиството.
Во меѓувреме, настанот доби сериозна политичка димензија откако беше поврзан со структури од власта, а опозицијата редовно го повикува МВР на одговорност.
Се што може да се добие како официјална информација од МВР е дека работат на случајот.
За граѓаните станува сомнително, како е можно убиство што се вели „среде бел ден“ во еден од најфрекфентните делови во општина Аеродром каде што има кафулиња кои биле полни со гости да не биде расчистено за речи си цела недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа