Цигарите со нови повисоки цени

 

Одредени бреднови на цигари во продавниците низ Македонија веќе се продаваат по нова, повисока цена. Поскапувањето зависи од бренд до бренд, и се движи од 3 до 5 денари.
Продавачите велат дека дистрибутерите им најавиле дека до Нова Година може да се очекува нов бран поскапувања на поголемиот број брендови на цигари.
Ова поскапување доаѓа на повеќе од 6 месеци пред рокот во кој државата ќе ја покачи акцизата на тутунот и тутунските производи. Од 1 јули акцизата ќе се зголеми за 4 денари по кутија што ќе отвори нова можност за поскапување на цигарите.

 

 

 

08.11.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега