Министерот за надворешни работи на Црна Гора утре во Македонија

Во официјална посета на Република Македонија утре ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на РМ.

Покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.

 - Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес, како и за продлабочување и натамошна диверзификација на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина, соопшти МНР. 

 

 

 

08.11.2017 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега