Страшна сообраќајка: Три деца и бебе завршија на скопските клиники

 Во тешка сообраќајка на регионалниот пат кон Дебар, повредени неколку лица помеѓу кои и три деца и бебе.

Вчера во 15 часот и 30 минути на регионалниот пат Маврово Анови-Дебар, во близина на бензинската пумпа на “Макпетрол“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 46- годишниот  Ј.Џ од село Голема Речица, тетовско, и товарно моторно возило „МАН“ со полуприколка, со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице а управувано од 33- годишниот М.Б од село Челопек-Тетово.  

Од МВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во “мерцедесот“ 37- годишниот Е.Џ, и осумгодишно дете додека, пак, уште две деца на возраст од 10 и три години, како и новороденче, се здобиле со телесни повреди.

Сите повредени лица се пренесени во Медицинскиот центар во Дебар, а по укажаната лекарска помош се пренесени во Клинички центар Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

09.11.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега