Вооружена драма во Скопје - таксист преживеал пеколна смена

Рано утрово во Скопје на улицата „Ангел Динев“, во такси возило „Мерцедес“, управувано од В.М. од Скопје, влегле три машки лица на возраст од околу 20 до 25 години и му рекле на возачот да вози во правец на населбата Ѓорче Петров-2. 

Според информациите на МВР, кога стигнале кај бензинската на “Макпетрол“, лицата побарале од В.М. да сврти десно на ул.„Панајот Гиновски“, а потоа застанале пред локален маркет. Го прашале В.М. колку треба да платат, но во наредниот момент лицето што седело зад возачкото седиште извадило нож и му го ставило ножот под грлото со сериозна закана по неговиот живот. Притоа, му го побарале прометот, а второто лице кое седело на задното седиште зад совозачкото го удрило В.М. со тупаница во пределот на лицето, додека третото лице кое било на совозачкото седиште од десниот џеп му одзело околу 9.840 денари, а од левата рака му го одзел рачниот часовник. По ова трите лица излегле од возилото и побегнале.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

 

09.11.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега