Анѓушев: „Брако“ нема да има бенефиции од бесцарискиот увоз на литиум-јонски акумулатори

 

 Вицепремиерот појасни дека ослободувањето на увоз на делови за електрични возила е практика во светот.

Компанијата „Брако“ нема да има бенефит од бесцариснкиот увоз на литиум- јонски  акумулатори бидејќи нејзиното производство е за извоз, изјави вицепремиерот Кочо  Анѓушев, на денешната прес- конференција во Владата на која беше презентиран предлог-буџетот за 2018 година.

Анѓушев појасни дека симнувањето на царината за овие акумулатори е како резултат на барање на полска компанија која сака да инвестира во земјава.

-Станува збор за електрични возила кои оваа компанија треба да ги преоизведува во земјава. Инаку во целиот свет е тенденција овие акумулатори како и возџилата на електричен погон да не се оцаринуваат односно да се ослободени од царина. Ние ќе ги следиме европските стандарди. Никаде за литиумските акумулатори нема царина, зошто кога увезувате електрично возило, целото возило е ослободено од царина или сега треба Македонија треба да стане заложник и да не го примени европскиот царински правилник заради тоа што потпретседателот на владата има таква фабрик- рече Анѓушев.

Тој додаде дека со зголемувањето на бројот на електрични возила на македонските патишта ќе се придонесе за намалување на загаденоста на воздухот.

 

 

 

10.11.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега