Денеска дожд и грмежи но набрзо очекувајте и снег

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со локален карактер.

Во јужните, а особено во југоисточните делови, ќе има услови врнежите да бидат поројни и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови.

Дневните температури ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно, со температура до 16 степени.

Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток кога ќе дојде и до опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег. 

 

 

 

13.11.2017 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега