Фејсбук додаде нова опција

Фејсбук им овозможи на корисниците нов начин да помогнат при големи катастрофи со пуштање на копче за донација.

Компанијата презентираше центар за брз одговор при кризни ситуации пред неколку месеци, за да обезбеди корисни информации. Копчето за донација сега ќе обезбеди подобра помош за жртвите во неволја.

Од социјалната мрежа ќе соработуваат со непрофитната организација „GlobalGiving“, која работи со партнерски организации за да ги најде најдобрите начини за доделување средства. На овој начин, заинтересираните корисници на социјалната мрежа можат да донираат пари во време на криза без да мора да изберат одредена организација.

Фејсбук, исто така, вети дека ќе се откаже од сите давачки за донации направени за време на кризи, што е добредојден гест за жртвите.

 

 

 

14.11.2017 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа