Тепачка во Кичево, интервенирала полицијата
Полицијата во Кичево поднесе кривични пријави против шест лица поради учество во тепачка.
Кривични пријави заработија С.Б. (43), А.П. (48), А.М. (31), Р.В.(50), А.Б. (24) и М.А. (26), кои на 29 октомври во близина на бензиска пумпа кај кичевското село Трапчин Дол почнале да се расправаат откако А.П. скршил апарат за игри на среќа во казино ,,Аладин“ во Кичево.
Притоа С.Б. кој бил сопственик на агенција што го обезбедувала казиното, физички го нападнал А.П. удирајќи го со тупаници по целото тело. По кратко време, во тепачката се вклучиле и останатите пријавени, вработени во агенција за обезбедување кои со раце и нозе удирале по А.П.
Понатамошниот тек на тепачката е прекинат од полициски службеници по што А.П. е пренесен во Општата болница, каде, се констатирани тешки телесни повреди.
Поради сериозноста на повредите тешко повредениот е префрлен во Клиничкиот центар во Битола, изјави портпаролот на СВР-Охрид Стеван Димоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа