Џафери очекува да се усвои буџетот до 20 декември

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува Буџетот за 2018 година да биде усвоен од пратениците до 20 декември. Тој за Алсат М најави дека матичната Комисија за финансирање и буџет првата седница ќе ја закаже на 27 ноември, по што почнуваат да течат строго утврдените со „Деловникот“ рокови за усвојување на Буџетот.

Инаку, Владата до Собранието на 10 ноември го достави Буџетот за наредната година, кој ќе биде до сега најголем во историјата на државава и ќе изнесува над 3 милијарди и 400 милиони евра и буџетски дефицит од 296 милиони евра или 2,7 отсто од бруто – домашниот производ.

 

 

 

15.11.2017 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега