Љубоморен маж од Скопје ја претепал сопругата - итно однесена во болница

По кратка вербална расправија поради љубомора, 47-годишната Г.Т. од Скопје пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг брутално ја претепал.

Почнал да ја удира со боксови во пределот на главата и со клоци во пределот на телото притоа навредувајќи ја и заканувајќи и се. По нападот, Г.Т. отишла во Градската општа болница за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар биле констатирани телесни повреди.

Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.11.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега