Се ближи крајот на пролетното време - од понеделник целосен пресврт на температурите

По периодот на стабилно и суво време нов влажен бран над Македонија доаѓа за време на викендот кој ќе ги создаде првите услови за провејување на снег во Скопје. Денеска и утре се очекуваат сончеви денови со релативно високи температури за овој период од годината.

И за време на викендот продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини.

Во недела ќе биде пооблачно, а кон крајот на денот подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на влажен бран што во текот на ноќта и во понеделник преку денот ќе услови врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планините, па и на некои повисоки места. Ќе дува и повремено засилен северен ветер проследен со намалување на дневните температури.
Во понеделник ќе имаме утрински температури од 4 степени под нулата и токму тогаш се очекуваагт и првите услови за снег. Сепак, денот ќе биде релативно топол со околу 7 степени максимална температури што значи дека снегот доколку падне нема да се задржи.

 

 

 

23.11.2017 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега