Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Денеска бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот патријарх Неофит, констатираа дека Бугарија и Бугарската православна црква се единствени во желбата за развој и продлабочување на односите меѓу Бугарија и Македонија. 

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

За ова ќе се дискутира на состанок на Свети Синод на БПЦ, а темата за автокефалноста на МПЦ ќе биде разгледана и со останатите помесни православни цркви, информирал патријарх Неофит, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Патријархот Неофит го запознал Радев со писмото на Македонската православна црква, кое беше испратено до Канцеларијата на Светиот синод на бугарската црква за евхаристичкото единство на БПЦ со МПЦ.

За време на средбата беше истакната важноста на потпишаниот билатерален Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, кој го зајакнува меѓусебната доверба, го поттикнува развојот на билатералните односи и претставува позитивен чекор во процесот на европска интеграција на Македонија. 

 

 

 

23.11.2017 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега